18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе подготвува промена во врвот на Daimler

Се подготвува промена во врвот на Daimler

vrv dimler 535

Концернот „Daimler“ наскоро ќе има нов шеф, соопштуваат медиумите во Германија. Договорот на сегашниот шеф Дитер Цетче истекува следната година, а за негов наследник е посочува Ола Калениус, кој во моментов е одговорен за глобалната продажба на „Mercedes-Benz“ и „Smart“.

Се очекува акционерите во концернот да ги продолжат ингеренциите на 62-годишниот Цетче до 2019-та година, но потоа ќе треба да му се бара заменик. Единствената кандидатура е онаа на 46-годишниот Швеѓанец, Калениус кој до минатата година беше шеф на спортската поделба „Mercedes-AMG“.

Сегашниот извршен директор на „Daimler“ ја поминал целата своја кариера во концернот. Тој започнува со работа во истражувачкиот оддел штом завршува универзитет. Од 1998-ма година Цетче почнува да се искачува во хиерархијата. Токму тој во 2007-ма година беше во основата на разделбата со „Chrysler“, а оттогаш го предводи „Daimler“.

Со назначувањето на Калениус германскиот производител зема курс за подмладување на раководството што треба активно да почне да ги развива електричните, водородните и автономните автомобили. „Злобните јазици“ велат дека во „Daimler“ го следеле примерот на својот голем конкурент „BMW“, кој претходно оваа година беше предводена од 49-годишниот Харалд Кругер.

За доказ дека Калениус се подготвува за нов шеф на „Daimler“, се прифаќа и фактот дека токму тој во понеделникот го претстави новиот претседател на американската поделба на „Mercedes-Benz“. Тоа е 47-годишниот Дитмар Екслер, кој до неодамна беше потпретседател за маркетинг. Неговиот претходник Стив Кенон ја напушти компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП