27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванов го посети бизнис акцелераторот „ЊуМенс“

Иванов го посети бизнис акцелераторот „ЊуМенс“

ivanov njumens

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го посети бизнис акцелератор ЊуМенс, каде се запозна со активностите и начинот на функционирање на овој прв бизнис акцелератор во Македонија, којшто преку образовни наставни програми и разменување и унапредување на знаења и вештини, настојува да им помогне на младите луѓе на почетокот на нивната професионална кариера.

Студентите и компаниите вклучени во академијата, изразија задоволство од денешната посета на Иванов, и ги споделија своите лични искуства за нивната работа и вклученост во академијата, која се темели на развој на иновативни проекти од областа на информатичко-комуникациските технологии и креативните индустрии.

Бизнис акцелератор „ЊуМенс“ работи на интеграција и вмрежување на студентите, бизнисите и инвеститорите, овозможувајќи им на младите луѓе да оформат сопствени компании. Во програмите на Акцелераторот се вклучени 1 студенти, 30 млади претприемачи, 20 стартап тимови, 15 фриленсери, 25 мали и средни компании од Македонија и од САД.

За време на посетата, претседателот Иванов им посака многу успех во нивните идни активности и проекти, честитајќи им ги престојаните новогодишни и божиќни празници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП