27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогласени најдобрите трговски објекти во Скопје за 2015-та

Прогласени најдобрите трговски објекти во Скопје за 2015-та

tr objekti 395

Град Скопје им додели плакети на најдобрите трговски објекти во 7 категории, избрани на манифестација „Месец на трговијата“, проект што Градот го реализира во соработка со Агенцијата SWAT Research.

Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, односно SWOT RESEARCH преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени трговските објекти според примарните критериуми, како што се: изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите, а годинава за првпат се вметна во една од категориите и насмевката, и според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж.

Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 900 посети на тајните купувачи во месец ноември и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории трговски објекти, а годинешни добитници по категории се:

Бутици

1. Пјер Карден

2. Гант

3. Lapin house

Супермаркети

1. Тинекс

2. Рептил Маркет

3. Гранап

Салони за мебел

1. Леснина Ми

2. Стиллес

3. Мебломак

Парфимерии и козметика

1. L OCCITANE

2. Ри-Ма

3. ДМ дрогерија

Модни додатоци и накит

1. Сигма

2. Тесоро

3. Сваровски

Компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема

1. Сони Галерија

2. Неоком

3. Телеком продавница

Апарати за домаќинство и се за дома

1. Агротехна

2. Горење

3. Нептун

Резултатите од истражувањето секоја година јавно се презентираат пред добитниците и трговците во форма на заклучоци, но и како препораки за во иднина, а врз основа на добиените резултатите од истражувањето, се избираат и три најдобри трговски објекти од секоја категорија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП