27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАOPEC: Цената на нафтата 70 долари до 2020 година

OPEC: Цената на нафтата 70 долари до 2020 година

opec 3333

Организацијата на држави извознички на нафта (OPEC) проценува дека цената на сировата нафта ќе закрепне на 70 долари до 2020 година, откако во оваа недела на лондонската берза падна на најниско ниво за последните 11 години.

Во својот годишен извештај за натамошните изгледи, OPEC предвидува дека цената на нафтата ќе почне да расте во наредната година, а потоа ќе продолжи да закрепнува поради високите трошоци за ископување и истражување.

Цената на нафтата во летото минатата година изнесуваше околу 110 долари за барел, додека ова недела на лондонската берза потона на најниско ниво од 2004 година за 36,04 долари.

OPEC проценува дека побарувачката за негова сирова нафта во 2020 година ќе изнесува 30,7 милиони барели дневно, во однос на 30,9 милиони во 2016 година и околу еден милион барели помалку од актуелното производство.

Исто така се очекува и пад на уделот на OPEC во производството на нафта во светот во наредните години со оглед дека конкурентите се покажале поотпорни на ниските цени од очекуваното.

Актуелниот удел на OPEC изнесува околу 30 отсто, додека во 1970-тите изнесуваше околу 50 отсто.

Стратегијата на OPEC во оваа година беше да го одржува високото ниво на производство и падот на цената на нафтата за да ги принуди американските производители на нафта од шкрилци да го намалат производството. Но, овие конкуренти се покажаа поотпорни од проценките на OPEC.

Уште една причина за падот на цената на нафтата лежи во слабеење на побарувачката поради забавување на глобалната економија, особено на кинеската, најголем светски потрошувач на сировини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП