8 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит трет ден по ред

Раст на Волстрит трет ден по ред

wall street

Цените на акциите на Волстрит во средата пораснаа трет ден по ред, најмногу во енергетскиот и рударскиот сектор, што се должи на растот на цената на нафтата и сировините.

Dow Jones зајакна 185 поени, или 1,06 отсто, на 17.602 поени, додека S&P 500 1,24 отсто, на 2.064 поени, а Nasdaq се зголеми за 0,90 отсто, на 5.045 поени.

Растот на индексите најмногу се должи на закрепнувањето на цените на акциите во енергетскиот сектор втор ден по ред бидејќи цената на нафтата порасна втор ден по ред, отскокнувајќи од најниските нивоа за 11 години, на кои паднаа во понеделникот.

Благодарение на тоа индексот на енергетскиот сектор вчера скокна над 4 отсто, со што ја намали загубата од почетокот на годината на 21 отсто.

„На берзите преовладува мислењето дека цената на нафтата го достигна дното, барем за некои време“, вели Тим Гриски, директор во компанијата Solaris Group.

Силно за 2,3 отсто, вчера скокна индексот на рударскиот сектор, што се должи на растот на цената на сировините, кои неодамна паднаа на најниски нивоа за последните неколку години.

Поддршка на брзите пружија и подобрите од очекувани макроекономски податоци кои укажуваат на продолжување на стабилниот раст на американската економија, откако во третото тромесечје порасна за 2 отсто.

„Можеме да говориме за вообичаен успон на Дедо Мраз на крајот на годината. Инвеститорите сакаат да се чувствуваат добро и ги разубавуваат своите портфолија“, вели Тим Гриски.

Сепак обемот на тргување е помал поради претстојните празници. Во четврток Волстрит работи со скратено време, додека во петокот не работи.

И на европските берзи цените акциите вчера силно пораснаа. Лондонски FTSE зајакна за 2,60 отсто, на 6.240 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 2,28 отсто, на 10.727 поени, а париски CAC за 2,34 отсто, на 4.674 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП