22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовогодишно дружење во ЗОО во сабота

Новогодишно дружење во ЗОО во сабота

zoo-skopje

Здружението „Во мојот свет“ организира традиционална Новогодишна забава и дружење во сабота, што ќе се одржи во Зоолошката градина Скопје, едукативен центар 2 (нов објект) со почеток од 10.30 часот.

Во рамките на настанот еден час е предвиден за дружење и забава, потоа следува настап на театарска група од Креативен Центар „Ѕвезда“ со претставата „Мачорот во чизми“, настап на Златни славејчиња, маскотата на Шпаркасе банка Медо Штедо со својата девојка Медена, присуство на видни и истакнати гости.

На забавата ќе присуствува и првата дама на Македонија, Маја Иванова, амбасадорот на Бугарија во Македонија, неговата екселенција Иван Петков, и се разбира, Дедо Мраз кој ќе ги анимира дечињата.

Ве покануваме заедно да го одбележиме овој ден со пријатна програма и дружење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП