28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДолче и Габана обвинети за затајување данок

Долче и Габана обвинети за затајување данок

dolce

Италијанскиот суд донесе одлука со која и нареди на модната куќа Долче и Габана да плати казна од 343 милиони евра, плус камата, затоа што не пријавила приход од неколку милиони евра.

Познатиот моден гигнат планира да поднесе жалба на таа одлука, по што плаќањето на казната ќе биде одложено.

Според информациите кои процурија во медиумите, модната куќа ги прекршила законите поради тоа што имала една единствена цел, а тоа е да стекне голема финансиска корист.

Доменико Долче и Стефано Габана се обвинети дека во 2004-та и 2005-та година контролата над своите брендови ги префрлиле во фиктивна компанија во Луксембург со што го избегнале плаќањето на данокот во Италија во износ од 420 милиони евра.

Обвинителите наведуваат дека со основањето на нивната компанија ГАДО во Луксембург се обиделе да ја измамат државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП