3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската економија бележи раст побавен од очекуваниот

Британската економија бележи раст побавен од очекуваниот

@

Британската економија во третиот квартал порасна побавно отколку што се очекуваше, покажаа ревидираните податоци на Заводот за статистика во Лондон.

Бруто домашниот производ во три месеци, заклучно со септември, порасна за 0,4 проценти на годишно ниво во однос на претходно проценетите 0,5 проценти, наведува заводот, пренесува агенцијата Франс прес.

Податоците исто така покажаа дека економскиот раст во третиот квартал забавил во однос на растот во вториот квартал, кој исто така е ревидиран надолу, на 0,5 од 0,7 проценти.

Аналитичарите очекуваа дека податоците за растот од третиот квартал ќе бидат ревидирани нагоре, на 0,6 проценти, потикнати од силните податоци за малопродажбата во пресрет на божиќната сезона.

Британското Министерство за финансии, сепак, наведува дека најновите економски резултати покажуваат дека сеуште постојат бројни ризици кои и се закануваат на економијата, и покрај тоа што таа бележи силен раст во однос на поголемиот дел од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП