20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМирен ден на Македонската берза за хартии од вредност....

Мирен ден на Македонската берза за хартии од вредност….

mk berza kke

Релативен мирен трговски ден имавме во средата на Македонската берза за хартии од вредност, при што единствена акција која имаше промет над еден милион денари беше акцијата на „Прилепска пиварница“ АД Прилеп.

Вкупно беа истргувани 68 акции по просечна цена од 27.232,26 денари, што претставува раст на вредноста на акцијата за 0,93 отсто.

Со акцијата на „Реплек“ АД Скопје се истргуваа 20 акции, по просечна цена од 41.000,00 денари, односно се реализираше промет од 820.000,00 денари со што беше втора најтргувана акција во средата.

Двата индекса го завршија денот со пораст, односно МБИ10 порасна за 0,15 отсто и изнесуваше 1.793,79 поени, додека, пак, ОМБ индексот за 0,09 отсто, и изнесуваше 128,37 поени.

Вкупниот промет во средата изнесуваше од 5.320.652,72 денари, реализиран преку 46 трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП