27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈацењук побара од парламентот итно да го прифати буџетот за 2016 година

Јацењук побара од парламентот итно да го прифати буџетот за 2016 година

arsenij-jacenjuk2124

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук побара од парламентот итно да го прифати буџетот за 2016 година, усогласен со барањата на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ), за да се избегне економска катастрофа во таа земја, опустошена со тешката економска криза и оружениот судир на истокот.

„Буџетот мора да биде прифатен“, рече Јацењук на седница на владата, на само еден ден пред повторната расправа за буџетот во парламентот.

„Неодговорноста на некои пратеници и пратенички групи би можела да доведе до неисплата на пензиите и платите, недоволно средства за украинската војска и полиција, за училиштата и болниците, што би било економска катастрофа“, рече Јацењук.

Тој додаде дека нема да се дозволи уништување на финансиската стабилност на земјата.

Усвојувањето на буџетот за 2016 година доцни заради несогласувања во врска со фискалната реформа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП