29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата во раст по падот на резервите, но и натаму...

Цената на нафтата во раст по падот на резервите, но и натаму е на многу ниско ниво

naf 33

Цената на барел нафта благо порасна благодарение на неочекуваниот пад на американските резерви, но и натаму е близу најниското ниво за последните 11 години, бидејќи понудата е голема.

Цената на нафтата на лондонската берза порасна за 41 цент, на 36,52 долари, во однос на претходното затворање. Ден претходно го допре најниското ниво од јули 2004 година, од 35,98 долари. На американската берза со барелот се тргува по 33 центи повисока цена, од 36,47 долари.

Организацијата на држави-извознички на нафта (OPEC) во својот извештај објавен во средата предвидува дека побарувачката за сирова нафта во 2020 година ќе биде пониска од онаа во 2016 година, додека истовремено конкурентските производи покажуваат поголема отпорност на ниските цени од што се очекуваше.

OPEC проценува дека побарувачката за сирова нафта во 2020 година ќе изнесува 30,7 милиони барели дневно, во однос на 30,9 милиони барели дневно во 2016 година, што е помалку од сегашното производство. Од друга страна зголемена е прогнозата за производство од шкрилци во 2020 година на 5,19 милиони барели дневно, во однос на 4,50 милиони барели дневно колку што се очекуваше во својот извештај од 2014 година.

Како сигнал за растечката конкуренција за пазарен удел меѓу членовите на OPEC во Азија, Ирак потпиша 1,4 милијарди долари вреден договор за снабдување на индискиот преработувач Reliance и корпорацијата Indian Oil со 160.000 барели дневно.

Иран очекува во следната година да го зголеми својот извоз за дополнителни 500.000 барели дневно, а иранските функционери  веќе се сретнаа со индиските преработувачи во настојување да пронајдат решение своето снабдување со сирова нафта да го сторат поконкурентно.

Во средата цената на барелот во Лондон накратко се спушти под цената на американскиот пазар.

„Повисоката цена на американскиот во однос на британскиот пазар фундаментите не можат да ја објаснат. Тоа беше претерано и веројатно се очекува да дојде до корекција, кога на пазарот ќе се врати нормален промет“, рече Виренда Чаухан од Energy Aspects.

Американските резерви на сирова нафта паднаа за 3,6 милијарди барели во минатата недела, на 486,7 милиони покажуваат податоците кои во вторникот ги објави Американскиот институт за нафта.

„Сепак, резервите се и натаму големи и се наоѓаат на многу високо годишно и петгодишно ниво“, велат аналитичарите.

Одделно, OPEC извести дека цената на барел референтна кошничка во вторникот порасна 41 цент во однос на претходниот трговски ден, па со неа се тргува по 31,15 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП