11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина најавува големи структурни реформи

Кина најавува големи структурни реформи

kinajdh37

Кина вети дека ќе примени структурни реформи за да поттикнат реформи и иновации со цел да обезбедат економски раст во 2016 година, објавено е по клучната економска конференција на која присуствуваше државниот врв.

Според изјавата, објавена по четиридневниот состанок во Пекинг, централната влада ќе ги продолжи своите структурни економски реформи и стратегија за поттикнување на иновациите.

Состанокот, на кој присуствуваа кинескиот претседател Кси Џинпинг и премиерот Ли Кечијанг, привлече многу внимание, со оглед дека во 2016 година исто така започнува следниот петгодишен развоен план.

Државното раководство приоритет ќе даде на реформите во снабдувачкиот сектор, што е термин кој властите во последно време често го употребуваат. Со реформите се планира зголемување на нивото на производство и ефикасно искористување на земјата, работната сила и капиталот. Во рамки на реформите предложени се неколку конкретни мерки, вклучително оние поврзани за недвижности, прекумерните индустриски капацитети, распродажбата на имот и смалување на корпоративните трошоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП