12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБулевар „Србија“ со уште еден кружен тек ќе продолжи до Кисела Вода

Булевар „Србија“ со уште еден кружен тек ќе продолжи до Кисела Вода

булевар-коце

Со нов кружен тек, булеварот „Србија’ ќе се продолжи и ќе се поврзе со двата краци на улицата „Христо Татарчев“, во скопска Кисела Вода, а денес започнаа градежните работи.

Со овој проект ќе се изврши проширување и реконструкција на булеварот „Србија“ од кружниот тек кај Цементара до улицата „Христо Татарчев“, а на крајот од овој булевар ќе се изгради нов кружен тек меѓу булеварот „Србија”, улиците „Христо Татарчев” и улиците „Христо Татарчев крак 2″.

„Булеварот ‘Србија’ ќе се реконструира и проширува на потег со вкупна должина од 868 метри, каде што ќе се оформат четири сообраќајни летни со ширина од 3,5 метри. Новата траса од десната страна ќе има странично зеленило со ширина од 1,5 метри и пешачко-велосипедска патека со ширина од 3 метри, додека од левата страна ќе има пешачка и велосипедска патека со променлива ширина. Новиот булевар ќе има средишно зеленило со ширина од 2 метри. На крајот од новиот булевар ќе има и кружен тек, кој ќе се формира меѓу бул. „Србија“, ул. „Христо Татарчев“ и улицата „ Христо Татарчев крак 2″, со дијаметар од 36 метри. Истиот ќе се состои од две сообраќајни летни со ширина од 4,75 метри и пешачка патека. Како дел од изведбата на новиот кружен тек, ќе биде извршена реконструкција и проширување на улиците „Христо Татарчев” и „Христо Татарчев крак 2“, на деловите каде што ќе влегуваат (се приклучуваат) во новиот кружен тек. Целокупната должина на новиот реконструиран и проширен коловоз со целосната реализација на овој инфраструктурен проект изнесува околу 1.400 метри“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот на Кисла Вода Беличанец – Алексиќ рече дека со реализацијата на овој проект, ќе се добие ново, квалитетно сообраќајно решение базирано врз потребите на граѓаните, кое ќе влијае врз квалитетот на живот на околу 14.000 жители на општина Кисела Вода.

„Намалувањето на сообраќајниот метеж посебно ќе почувствуваат жителите на Припор, но и сите преостанати чие секојдневие се одвива во овој дел на градот. Подобрениот сообраќаен проток ќе значи олеснета комуникација помеѓу општините Аеродром, Сопиште и Гази Баба. Преку изградба на пешачки и велосипедски патеки, овој проект ќе им донесе сообраќајна рамноправност на пешаците и велосипедистите, а предвидената изградба на нова атмосферска канализација на улицата „Христо Татарчев” ќе помогне со справувањето со атмосферските води кои по поројните дождови се слеваа од Сопиште. Дополнителен бенефит за граѓаните, се реконструкцијата на водоводната мрежа и фекалната канализација, како и новото осветлување“, изјави градоначалникот Беличанец – Алексиќ.

Новиот булевар и кружен тек ќе добијат ново улично осветлување, каде што ќе се постават 87 столбови со висина од 8 метри и 102 светилки од 250 вати.

Вкупната сума за реализацијата на овој проект изнесува 98 милиони денари. Изведувач на градежните работи е „Бауер БГ” , а рокот на изведба е 20 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП