9 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2016-та година ќе донесе силен раст на европските акции

Во 2016-та година ќе донесе силен раст на европските акции

akci 3

Стратезите на европските фондови велат дека во 2016-та година ќе ги видиме нивните предвидувања, кои не се оствариле во 2015-та година, пишува „Bloomberg“.

Индексот „Stoxx Europe 600“ ќе забележи раст близу 16% во следната година, покажува просечната прогноза на 10 експерти анкетирани од „Bloomberg“. Предвидувањата на „Commerzbank AG“, кои се приближуваат најмногу до реалноста во последните две години, очекуваат акциите да се зголемуваат за вкупно 18% во 2016-та година, потпомогнати од стимулациите на Европската централна банка.

„Тоа е раст управуван од ликвидноста. Гледајќи наназад, квантитативни олеснувања имаа позитивно влијание врз пазарите на акции и во следната година. ЕЦБ може да избере да ги продолжи роковите за обезбедување на оваа ликвидност“, вели Питер Диксон, економист од ресорот за глобални акции во „Commerzbank“ во Лондон.

Тоа е и поентата што сите стратези и натаму ја очекуваат. Дури и повеќето настроените како „JPMorgan Chase & Co“ прогнозираат скок од 10% на „Euro Stoxx 600“ во следната година. „Citigroup Inc“, кои се најоптимистички настроените, прогнозираат 23% раст.

Европските хартии од вредност оваа година поскапеа за 21%, пред стравувањата за глобалниот раст и разочарувачките дополнителни стимулации на ЕЦБ да го остават „Stoxx 600“ со раст од само 4,2% од почетокот на годината до вчера.

Меѓу главните причини за оптимизам се политиките на Федералните резерви и ЕЦБ. Раст на капиталните фондови во регионот беше забележан во 29 од последните 31 недела, покажуваат податоците на „Bank of America Corp“. Економистите предвидуваат раст во еврозоната од 1,7% за следната година – повеќе отколку во 2015-та година и најмногу од 2010-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП