19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови банкноти од 100 рубљи со Крим на сликата

Нови банкноти од 100 рубљи со Крим на сликата

100-krim

Централната банка на Русија емитуваше банкнота од 100 рубљи (1,14 долар) со призори на Крим.

На банкнотата се призори од замокот Ластовичко гнездо во близина на Јалта, еден од најпрепознатливите симболи на Крим и детали на познатиот руски сликар Иван Ајвазовски, пренесе агенцијата Тас.

На жолтата банкнота се наоѓа и воден жиг со лик на царица Катарина велика која го анектираше Крим во 1783.

Банката додава дека емитувала 20 милиони банкноти. Традиционалната банкнота од 100 рубљи ја красат призори од московскиот Бољшој театар.

Централната банка претходно пушти во промет паричка од 10 рубљи за да го одбележи враќањето на Крим во составот на Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП