2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРакометарките на „Вардар“, елегантни и сензуални на новиот календар на „Пелистерка“ (фото)

Ракометарките на „Вардар“, елегантни и сензуални на новиот календар на „Пелистерка“ (фото)

pel vardarki 03333

Андреа Лекиќ, Татјана Хмирова, Амандин Лејно, Сираба Дембеле, Андреа Пенезиќ, Ања Алтхаус, се само дел од звучните ракометни имиња на женскиот тим на „Вардар“ кои се најдоа на страниците на календарот на „Пелистерка“ за 2016 година.

pel vardarki 00000

Со денешната промоција на шестиот по ред календар, „Пелистерка“ ја почнува својата нова кампања под мотото: Во совршена форма.

pel vardarki 011111

Темата на годинашниот календар ги спојува водата, спортот и модата, а ракометарките на „Вардар“ извонредно ја претставуваат таа заедничка совршена форма. Девојките, кои на терен сме навикнати да ги гледаме во многу поинакво, спортско издание, за потребите на календарот покажаа дека спортот и модната елеганција можат да бидат совршена комбинација.

pel vardarki 0222

„Како компанија со искуство повеќе од 60 години на пазарот, секогаш е големо задоволство да ги поставуваме трендовите и во нашата индустрија, но и генерално во општеството. Токму затоа, на проектите кои станаа заштиен знак на „Пелистерка“, соработуваме со најдобрите и најатрактивните жени во нашето општество и заедно правиме производ кој ќе претставува комплетно нова и различна визија од сето претходно“, истакна Тања Панделеска, маркетинг-директорка на „Пелистерка“ на денешната промоција.

pel vardarki 0444

Снимањето на календарот се одвиваше на познат терен за ракометарките, во нивниот матичен спортски центар „Јане Сандански“. На теренот каде што секојдневно тренираат и победуваат, девојките го покажаа својот сексапил пред објективите на фотографскиот тандем Ани и Дими.

pel vardarki 110111

Продуцент на календарот е Тања Панделеска, маркетинг-директорка на „Пелистерка“, извршен продуцент е Света Богова-Јовановска од „Фешн викенд Скопје“, а графичкиот дизајн е на Анита Гај. За шминката и фризурата на девојките се погрижи Зоран Шурбевски, стилист е Јована Зука, додека модниот дизајн е на Јована Филиповиќ.

pel vardarki 05555

Од компанијата „Пелистерка“ велат дека објавувањето на календарот стана традиција, а неговата промоција се претвори во значаен настан кој јавноста со нетрпение го очекува.

pel vardarki 06666

„Среќна сум што можам да ви го покажам календарот за 2016 година, во кој во полна физичка сила, неспорна харизма, сензуални и софистицирани блескаат ракометарките на „Вардар“. Верувам дека ја направивме една од најсилните врски меѓу убавината и здравјето од една и водата како нивната енергија, од друга страна“, рече Панделеска.

pel vardarki 0777

Календарот може да се набави во фан-шопот на „Вардар“ во спортскиот центар „Јане Сандански“, преку интернет-страницата на ракометниот клуб, како и во маркетите на Тинекс и Веро.

pel vardarki 08888

Изминатите години страниците на календарот на „Пелистерка“ ги красеа дел од најголемите ѕвезди од Македонија, како што се Каролина Гочева, Елена Ристеска, Тамара, Аделина Тахири, Маријана Станојковска, Викторија Лоба.

pel vardarki 09999

Годинава за првпат на календарот се појавуваат девојки од странство, со оглед на тоа што речиси целиот тим на „Вардар“ е составен од интернационалки. Во редовите на македонскиот шампион има Русинки, Србинки, Црногорки, Французинки, Хрватки, Словенки и две Македонки.

pel vardarki 10000

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП