2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазна од 12 милиони долари за Boeing поради кршење на прописите

Казна од 12 милиони долари за Boeing поради кршење на прописите

boeing

Американскиот производител на авиони „Boeing“ е казнет со 12 милиони долари бидејќи во предвидениот рок не доставил упатства за намалувањето на ризикот од експлозија на резевoарот за гориво за стотици авиони, соопшти денес американската Федерална агенција за авиација (ФАА).

„Boeing“ исто така мора да спроведе низа мерки за унапредување на сертификатот за безбедност на своите авиони како и да ја унапреди контролата на квалитетот за производство на авиони, наведува ФАА, пренесува агенцијата АП.

На „Boeing“ му е наложено на авиокомпаниите да им достави инструкции за ракување со резервоарите за гориво по експолозијата на резервоарот на „Boeing 747“ над Атлантскиот океан во близина на Њујорк во 1996 година кога загинаа сите 230 патници во авионот.

ФАА во 2008 година ги објави прописите за производителите на авиони, кои бараат да се обезбедат инструкции за инсталирање на систем кој ја намалува запаливоста на резерварот, со рок на давање на тие насоки до 27 декември 2010 година. „Boeing“ инструкциите ги достави 301 ден подоцна, на 24 октомври 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП