7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит порасна втор ден по ред

Волстрит порасна втор ден по ред

rast-volstrit

На Волстрит цените на акциите во вторникот пораснаа, втор ден по ред, во прв ред благодарејќи на стабилизирањето на цените на нафтата, откако ден претходно паднаа на најниското ниво во последните 11 години.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,96 отсто, на 17.417 поени, индексот S&P 500 порасна за 0,88 проценти, на 2.038 поени, додека Nasdaq индексот скокна за 0,65 отсто, на 5.001 индексен поен.

Растот на индексите дојде во прв ред благодарејќи на заздравувањето на акциите во енергетскиот сектор, бидејќи цените на нафтата благо но сепак се одлепија од најниските нивоа од 2004 година, на кои паднаа во понеделникот.

И покрај скромниот раст на цените на нафтата, индексот S&P 500 во вторникот скокна за 1,2 отсто. Причина за тоа се многу ниските цени на акциите на нафтените компании, имајќи предвид дека енергетскиот сектор е најголемиот губитник оваа година. Од почетокот на 2015 година, во минус е за 24 отсто.

Аналитичарите не се сигурни дали може да продолжи подемот на цените на нафтата, бидејќи понудата и натаму е преголема во однос на побарувачката, имајќи предвид дека забавува глобалната економија, најмногу кинеската, најголемиот светски потрошувач на сировини.

Поддршка на пазарот му даде и третата процена на бруто домашниот производ (БДП) во САД, според која најголемата светска економија во третиот квартал пораснала за 2 отсто. Тоа е значително помалку во однос на претходното тримесечје, кога БДП-то скокна за 3.9 отсто, и помалку од 2,1 отсто, колку што покажуваше втората процена, но вложувачите ги охрабри податокот за солидниот раст на потрошувачката на компаниите и граѓаните.

Растот на берзанските индекси од вторникот делумно дојде благодарејќи на купувањето на инвестициските фондови во последните минути од тргувањето, укажува Кен Винанс, претседател на компанијата „Winans Investments“. „Моментално се чини дека ќе претставува чудо доколку индексите Dow Jones и S&P 500 успеат да ги надоместат загубите остварени во декември“, вели Винанс.

Во прв ред, поради остриот пад на цените на нафтата, но и поради несигурноста по првото зголемување на каматите од страна на американската централна банка од 2006 година, од почетокот на декември S&P 500 е во загуба од околу 2 отсто. Иако во мај годинава го достигна рекордното ниво, овој индекс во моментално е во загуба во однос на почетокот на годинава за околу 1 процент, поради остриот пад на цените на акциите во август, кога инвеститорите беа загрижени од забавувањето на растот на кинеската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП