Државниот завод за статистика по вторпат ја спроведе Анкетата за структура на заработувачката, 2014, со цел да се соберат податоци за вработеноста и структурата на платите во земјата.
Истражувањето овозможува да се увидат врските помеѓу платите кои им се исплатени на вработените, нивните индивидуални белези (пол, возраст, занимање, времетраење на вработувањето, ниво на образование и сл.) и карактеристиките на деловниот субјект каде што лицата се вработени (економска активност, големина на деловниот субјект и региони).
Просечната бруто-годишна заработувачка за 2014-та година изнесува 397.739 денари, а просечната бруто-месечна заработувачка за октомври 2014-та изнесува 31.590 денари.