16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch: Постои ризик за инвестициската клима во Полска

Fitch: Постои ризик за инвестициската клима во Полска

polska 3530

Олабавување на буџетската дисциплина, беше одлучено од страна на новата полска конзервативна влада на Беата Шидло со цел почитување на „дарежливте“ предизборни ветувања, што претставува ризик за инвестициската клима во оваа земја и може да ја подложи на притисок на нејзиниот рејтинг, наведува меѓународната рејтинг агенција „Fitch“.

Трошоците предвидени во законот за буџетот за идната година, ревидирани од новата влада на партијата „Право и правда“, се зголемени и ова зголемување изнесува 0,9 проценти од БДП во споредба со предвидените трошоци од претходната влада.

За време на предизборната кампања „Право и правда“ вети месечни надоместоци од 500 злоти (120 евра) на дете, воведување на минимална плата за час во износ од 12 злоти (3 евра), значително зголемување на износот на приходот кој ќе биде ослободен од данок на доход и бесплатно раздавање на лекови за луѓето над 75 години. Партијата на Јарослав Качински освен тоа вети дека ќе јс врати возраста за пензионирање за мажите на 65 години и за жените на 60 години, откако претходната влада ја имаше зголемено прогресивно на 67 години.

„Сето ова е олабавување на буџетската дисциплина, што според нас ќе доведе до буџетски дефицит од 3 отсто од БДП во 2016-та година, споредено со претходната наша прогноза за буџетски дефицит од 2,8 отсто за 2016-та година“, наведува „Fitch“.

Покрај тоа, законот за буџетот за 2016-та година се обложува на раст од 3,8 проценти од БДП и на инфлација од 1,7 проценти од БДП, додека „Fitch“ прогнозира соодветни вредности од 3,5 проценти и 1,2 проценти.

Сега оценката на „Fitch“ за Полска е „А минус“ со стабилни изгледи, но ако има забавување на растот тоа може да влијае на оваа проценка, сметаат од „Fitch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП