26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБоис и Сан Франциско се најдобри градови за живот на мажите во...

Боис и Сан Франциско се најдобри градови за живот на мажите во САД

Park

Мажите кои бараат најдобро место каде што ќе бидат среќни, здрави, и каде што ќе водат квалитетен живот, можат да го најдат во американските градови Боисе во Ајдахо, како и во Сан Хозе и Сан Франциско во северна Калифорнија.

Трите западно американски градови се наоѓаат на листата на 100 најдобри градови за мажи која ја спроведе Men’s Helth магазин. Како најлоши се водат Чарлстон, Филаделфија и Бирмингем.

Боисe во однос на минатата година, напреднал за пет места, како град кој е добар за психичко и мемнтално здравје на мажите и има ниска стапка на криминал. Засега е на прво место.

Интересно е да се види како Боисе напредувал до првото место, бидејќи тоа е град за кој би кажале дека би влегол во првите 20, но тоа што веднаш се искачил на самиот врв е многу импресивно, изјави извршниот уредник Matt Marion.

Сан Франциско кој постојано високо котира на годишните листи, ги импресионира луѓето со малиот процент на застапеност на пушачи, дебели луѓе, како и големиот број на високообразовани личности.

Сан Хозе имал ниска стапка на смртност од рак и срцеви заболувања, најниска стапка на пушачи и ниска стапка на криминал.

Спротивно на тоа, Бирмингем има најголема стапка на  лица забоени од рак, насилни злочини и вискока стапка на дебели луѓе. На последните места се наоѓат Филаделфија, Чарлстон, Толедо, Охајо и Св. Луис.

Њујорк се наоѓа на 33то место, а лос Анџелес на 50то место.

За изработка на овие листи магазинот користи податоци од Центар за контрола на болести во Атланта, Националниот центар за здравствена статистика, државните регистри за рак и федералната статистика за криминалот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП