2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија го одобри буџетот за следната година

Италија го одобри буџетот за следната година

renci 3535

Италијанскиот парламент конечно го одобри буџетот на земјата на премиерот Матео Ренци за 2016-та година, кој предвидува намалување на даноците. Европската комисија тврди дека овој потег носи ризик од нарушување на фискалните правила на Европската унија, пренесува „Ројтерс“.

Промените предвидуваат намалување на данокот на основно живеалиште, намалување на корпоративните давачки и зголемување на трошоците за култура и безбедност. Освен тоа се ќе се избришат даноците за земјоделска и индустриска опрема, како и надоместокот за телевизиски лиценци.

Во последните неколку недели Ренци ги претстави и бонусите од 80 евра месечно за полицајците и војниците, како и еднократните премии од 500 евра за сите 18-годишни, кои треба да бидат потрошени за културни активности.

Поради сето ова критичарите го обвинија премиерот дека се обидува да освои гласови, но тој рече дека потезите му се поврзани со безбедноста, поврзани со нападите во Париз на 13-ти ноември, кога загинаа 130 лица.

Според зборовите на Ренци силите за безбедност треба да бидат наградени за дополнителните напори и „секое евро потрошено за безбедност, треба да бидат проследени со евра потрошени за култура“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП