1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткажани и пренасочени летови од Скопје поради маглата

Откажани и пренасочени летови од Скопје поради маглата

letovi 33535

Маглата го отежна авиосообраќајот на скопскиот аеродром, поради што дел од летовите се откажани, а дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и Софија.

Од утрово не се реализирани летовите кон Виена и Истанбул, од Охрид е пренасочен летот за Ајндховен и Лубек, а реализирани се полетувањата кон Загреб и Гетеборг.

Од ноќеска нема слетувања на скопскиот аеродром.

Пренасочени кон софискиот аеродром се летовите од Виена, а кон Охрид летовите од Малме и Барселона. Откажани се два лета од Истанбул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП