18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на „Комерцијална Банка“ АД Скопје се враќа во фокусот на инвеститорите

Акцијата на „Комерцијална Банка“ АД Скопје се враќа во фокусот на инвеститорите

berzaaaaaa555556

Тргувањето на Македoнската берза во вторникот дефинитивно го одбележа акцијата на „Комерцијална Банка“ АД Скопје каде беа истргувани вкупно 7.446 акции по просечна цена од 2.249,99 денари, што е далеку повисоко количество во однос на дневниот просек.

Вкупниот промет реализиран со оваа акција изнесуваше 16.753.432,00 денари, со што акцијата се позиционираше на прво место по реализиран промет.

По информацијата објавена во понеделникот за одмрзнување на имотот на „Макпетрол“ АД Скопје по претходна судска одлука, како и стекнување на 100 акции од страна на претседателот на Управниот одбор на компанијата Андреја Јосифовски во претходните 30 дена, акцијата на „Макпетрол“ АД Скопје оствари раст од 6,09 посто преку 16 истргувани акции, што воедно претставува и највисок раст на пазарот во вторникот.

Вкупниот промет изнесуваше 19.283.030,75 денари реализиран преку 42 трансакции. Обврзниците имаа скромно учество во денешниот трговски ден. Вкупно 57 лотови од РМДЕН06 беа истргувани по просечна цена од 98,60 отсто. МБИ-10 забележа пораст од 0,74 отсто и изнесуваше 1.791,04 поени, додека пак ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП