28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена видливост на неколку патни правци

Намалена видливост на неколку патни правци

magla-avtopat

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради појава на магла, видливостa е намалена кај Тетово, Велес, Кула и Штип од 30 до 50 метри, а во Петровец, Маџари, Кочани, Неготино и Македонски Брод од 100 до 150 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП