16 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРА„Времеплов на македонската музика" концерт на хорот „Кочо Рацин“

„Времеплов на македонската музика” концерт на хорот „Кочо Рацин“

hor koco racin 3345

Хорот „Кочо Рацин“, под диригентство на Сања Пановска Миланова, вечерва ќе одржи концерт во фоајето на МОБ.

„Времеплов на македонската музика“ е концерт посветен на македонската хорска музика а воедно и одбележување на 69 години постоење на хорот.

Ќе бидат изведени делата од С.Гајдов, Т.Прокопиев, В.Николовски, Т. Скаловски и други.

Специјални гости на вечерта ќе бидат Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на маестро Сашо Татарчевски кој ќе ја збогати вечерта со нивната секогаш беспрекорна изведба.

Влезот е слободен а концертот ќе започне во 21 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП