Цената на нафтата порасна денеска од најниското ниво за последните 11 години, со оглед дека инвеститорите ги заклучија своите позиции пред празниците, но презаситеноста на глобалнот пазар е пречка за поголем раст.
Цената на нафтата на лондонската берза порасна во понеделникот за 17 центи, на 36,52 долари, одлепувајќи се од најниско ниво за последните 11 години, на кое падна во понеделникот. На американскиот пазар барелот се продава по 32 центи повисока цена, од 36,13 долари. Во претходниот ден падна на 33,98 долари, што е најниско ниво од 2009 година.
Расположението е многу негативно, а во пресрет на празниците обично се затвораат некои шпекулативни позиции. Поради тоа би можеле да гледаме раст на цените на нафтата“, смета Ханс ван Клиф од амстердамски ABN Amro.
Цената на лондонската нафта на пат е на прв дневен раст во последните пет трговски денови, а на американската берза порасна на највисоко ниво за последните четири трговски дена.
Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, соопшти дека ги урнала балистичките проектили насочени кон градот Јизан, каде се гради нова рафинерија и нафтен терминал. Од Saudi Aramca објавија дека сите нивни објекти на тоа подрачје „се осигурени и нормално работат“.
Сепак, загриженост поради преголемата снабденост на глобалниот пазар и во наредната година ќе го ограничува растот на цената на нафтата.
„Очекуваме дека прекумерната понуда ќе продолжи и во следната година, а рамнотежа се очекува да биде воспоставена во четвртиот квартал од следната година“, се наведува во извештајот на Goldman Sachs.
Исто така, додаваат дека неочекуваниот висок суфицит од 1,5 милиони барели дневно на глобалниот пазар од ова тромесечје веројатно ќе продолжи и во првата половина од следната година поради поблагите временски услови кои ја намалуваат побарувачката за енергенти.