4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБожикен маркет на плоштад Македонија по примерот на европските метрополи

Божикен маркет на плоштад Македонија по примерот на европските метрополи

bozikni

По примерот на светските метрополи, за првпат и Скопје ќе добие вистински Божикен маркет.

Од среда, 23.12 па сè до 13.01, централниот градски плоштад „Македонија“ ќе биде претворен во божикна бајка. Секој ден во попладневните часови ќе има забавна програма со Дедо Мраз за најмалите, а потоа секојдневни музички настапи на македонски артисти. Крајот од секоја вечер ќе биде крунисан со шоу со огномет и акробати.

За уживањето да биде поголемо, ќе има штандови со пиво, греено вино, ракија, колачиња, пецива, чоколади, колбасици на германски начин, топли напитки, млечни производи, мезиња и уште многу слатки задоволства.

„Конечно од утре и Скопје ќе биде исполнет со новогодишна еуфорија во стилот на големите европски градови како Прага, Берлин, Будимпешта, Париз, Виена“, порачува организаторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП