Италијанската економија излезе од рецесија и се наоѓа на добар пат на целосно закрепнување и во 2016 година бруто домашниот производ (БДП) ќе порасне за 1,5 отсто, а во 2017 година за 1,7 отсто, објави италијанското здружение на банки (ABI).
Во оваа година италијанскиот БДП се очекува да порасне за 0,8 отсто, предводен од силното зголемување на домашната побарувачка, за 1,9 отсто.
Се очекува и дека проблематичните кредити на италијанските банки да почнат да се намалуваат во 2017 година, се наведува во извештајот.
Нивниот раст во 2015 година изнесува 10,6 отсто, во 2016 година се очекува забавување на 2,7 отсто, за да во 2017 година падне за 3,2 отсто, наведува ABI.
„Процесот на нето влошување на кредитите забавува, но се уште е премногу интензивен“, објави ABI.
Во извештајот се додава дека нето добивката на банките во 2017 година би требало повторно да надмине 10 милијарди евра, прв пат од 2008 година.