19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовлекувањето на САД од Авганистан чини милијарди долари

Повлекувањето на САД од Авганистан чини милијарди долари

vojska

Повлекувањето на американските војници од Авганистан, каде се уште се наоѓаат 68.000 нивни војници, ќе чини помеѓу пет и шест милијарди долари.

„Повлекувањето е природен развој за време на војна, па така повлекувањето од Авганистан е еден од најголемите предизвици во историјата кога станува збор за сложеноста и опсегот на операцијата за воениот транспорт“, изјавил генералот Стивен Шапиро кој е задолжен за оваа операција.

Околу 100.000 контејнери и 25.000 американски воени возила се уште се наоѓаат на авганистанската територија. Дел од транспортните возила и контејнери Американците ќе има ги остават на авганистанските воени сили, а останатите ќе треба да ги повлечат до крајот на 2014-та година кога е крајниот рок за заминување на припадниците на ИСАФ, вооружениот дел на НАТО, од Авганистан.

„Целата операција од почетокот во 2012-та година до крајот ќе се движи меѓу пет и шест милијарди долари“, истакнал Шапиро.

Во јануари 2012-та година висок американски претставник ја процени вредноста на американската опрема во Авганистан на повеќе од 30 милијарди долари. Проблемот за повлекување од таа земја е во нејзината географска положба. Авганистан нема излез на океан, па поради тоа големиот дел од опремата на НАТО била донесена преку пакистанското пристаниште Карачи, а потоа со камиони била пренесена до Авганистан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП