21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит на почетокот на неделата

Раст на Волстрит на почетокот на неделата

Wall-Street1

Цените на акциите на Волстрит пораснаа во понеделникот, по минатонеделниот пад, благодарение на порастот на цените на акциите на Apple и Microsoft, како и во здравствениот сектор.

Dow Jones зајакна 123 поени, или 0,72 отсто, на 17.251 поен, додека S&P 500 порасна 0,78 отсто, на 2.021 поен, а Nasdaq индексот зајакна 0,93 отсто, на 4.968 поени.

Во сите десет сектори од S&P 500 индексот цените на акциите вчера пораснаа, а најмногу за 1 отсто, во телекомуникацискиот и технолошкиот сектор.

Откако со денови беше под притисок поради проценките за намалување на продажбата на ајфони, вчера цената на акцијата на Apple порасна за 1,2 отсто, а за толку се зголеми и цената на акцијата на Microsoft.

Значително пораснаа и цените на акциите во здравствениот сектор, откако беа објавени податоците за силниот раст на новите клиенти со субвенционирано здравствено осигурување.

Благо порасна и енергетскиот сектор, иако цената на нафтата на лондонската берза вчера во еден момент падна на најниско ниво од 2004 година.

Иако во оваа година достигна рекордно ниво, S&P 500 моментно е во минус во однос на почетокот на годината за над 1,5 отсто поради забавување на растот на кинеската економија, падот на цената на нафтата и сировините, како и несигурноста во врска со каматите на Фед.

Минатата недела американската централна банка по прв пат од 2006 година ги зголеми клучните каматни стапки, со што е отстранета неизвесноста од берзите. Сепак, инвеститорите се внимателни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП