11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако треба да се однесувате кога вашиот партнер е и ваш колега

Како треба да се однесувате кога вашиот партнер е и ваш колега

article-2278827-053BFE020000044D-885_634x521

Општото правило гласи да не се впуштате во романтична врска со никој од работното место. Меѓутоа, ако дојде до тоа, можете да ги преземете овие соодветни чекори со цел да избегнете непријатност доколку работите во иста канцеларија.

1. Бидете професионални

Тешко е да се сочува достоинството и професионализмот со колегата/колешката кој во исто време е и ваш дечко/девојка.

Меѓутоа, тоа е навистина неопходно. Поставувањето на граница на работа ќе ви помогне да бидете професионални. И вие и вашиот дечко/девојка мора да се согласите на условите под кои ќе морате да работите заедно.

2. Избегнувајте фаворизирање

Од моментот кога ќе зачекорите во канцеларија, и двајцата сте работници на една компанија. Вашата цел е напорно да работите за да ја подобрите организацијата како целина. Тоа особено важи ако вашиот дечко или девојка е и ваш шеф или шефица. Не се лутете ако тој ви упати некоја конструктивна критика. Научете дека егото и љубовта треба да ги оставите надвор од работното место.

3. Не форсирајте мислење

Постои можност со некој колега да не се согласувате, а токму вашиот дечко или девојка добро да стои со него. Тоа не треба да ве загрижува. Доколку е можно обидете се и вие да го поправите односот со тој колега. Меѓутоа, не очекувајте и вашиот партнер да го има вашето мислење за тој човек.

4. Избегнувајте расправии на работа

На сите им е неверојатно тешко да глумат и да се преправаат кога нешто не е во ред, но вие тоа мора да го направите. Заборавете на расправиите и несогласувањата кои сте ги имале во приватниот живот и однесувајте се како колеги. Доколку е тоа можно, избегнувајте се кога сте лути еден на друг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП