19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакцијата со акцијата на „Фершпед“ АД Скопје го креираше прометот на...

Блок трансакцијата со акцијата на „Фершпед“ АД Скопје го креираше прометот на Македонската берза

mk berza

Трговскиот ден на Македонската берза за хартии од вредност во понеделникот беше отворен со блок трансакција со акцијата на „Фершпед“ АД Скопје. Истргувани беа вкупно 450 акции по цена од 128.000,00 денари.

Уште една акција беше истргувана на регуларниот пазар, но по далеку пониска цена од 40.000,00 денари, што претствува пораст на вредноста од 3,09 отсто во однос на последната цена. Прометот реализиран со оваа акција изнесуваше 57.640.000,00 денари или 93,29 отсто од вкупно реализираниот промет на берзата во понеделникот, со што акцијата се позиционираше на прво место според промет.

Сите останати истргувани хартии од вредност денес остварија промет под еден милион денари.

Денот финализираше со вкупен промет од 61.782.615,00 денари реализиран преку 40 трансакции.

МБИ10 забележа пад од 0,34 отсто и изнесуваше 1.777,96 поени, додека, пак, ОМБ се зголеми за 0,06 отсто и изнесуваше 128,25 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП