12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАХуманитарна аукција за собирање средства за лекување на Александра – Сашка Робев

Хуманитарна аукција за собирање средства за лекување на Александра – Сашка Робев

sashka-robev

Хуманитарна аукција, од која средствата ќе бидат наменети за лекување на Александра – Сашка Робев, која боледува од Adenocarcinoma pancreatic или малигна неоплазма на панкреасот, ќе се одржи денес вечер во 20 часот во Дом на АРМ.

Аукцијата ја организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), а е поддржана од Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, винарија „Темов“ и Европски универзитет.

Уметничките дела од еминентни македонски уметници ќе бидат изложени за посетителите и наддавањето за нив ќе биде во износ од 600 денари, од почетната цена за секое дело. Собраните средства од продадените уметнички дела – слики, графики, цртежи и скулптури, ќе бидат наменети за понатамошното лекување на Робев.

Сашка, сопруга и мајка на две деца, е ликовен уметник кој долги години работи како графички дизајнер. По констатирањето на нејзината болест, извршени се бројни третмани по кои е утврдено дека е потребен посебен третман за пациенти заболени од канцер во клиника во Берлин кој треба да ја подобри нејзината здравствена состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП