Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
Намалена видливост поради магла има во: Гостивар 50м. ,Тетово 50м, Куманово 50м, Павлешенци 50м, Неготино 50м, Кочани 50 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.