3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекинати преговорите меѓу Русија, Украина и ЕУ за договорот за слободна трговија

Прекинати преговорите меѓу Русија, Украина и ЕУ за договорот за слободна трговија

evropska-unija-13

Преговорите меѓу Русија, Украина и Европската унија(ЕУ), со кои требаше да се надминат несогласувањата околу договорот за слободна трговија меѓу Киев и Брисел, завршија со неуспех и нема да продолжат, рече комесарот на ЕУ за трговија Сесилија Малмстром.

„Бевме блиску до некои практични решенија и мислам дека ќе успеевме доколку имаше волја“, рече Малмстром по состанокот со рускиот министер за економија Алексеј Уљукаев и украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

Таа додаде дека немало доволно флексибилност на руската страна за да може да дојде до договор.

„Немаше договор, па овој експеримент е завршен. Повеќе нема да има вакви тристрани разговори“, рече Малмстром.

Москва се противи на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина, што стапува на сила на 1 јануари, бидејќи смета дека со тоа Украина дополнително ќе се оддалечи од нејзината сфера на интерес и ќе биде погубен за нејзината економија. ЕУ од 2013 година организираше околу 20 состаноци со Русија и Украина, со надеж дека ќе ги смири овие стравови и ќе изнајде решение.

Малмстром потсети дека договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина не може да се менува и дека тоа било „јасно во текот на преговорите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП