2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ официјално ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци

ЕУ официјално ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци

eurusija 30599

Европската унија (ЕУ) ги продолжи санкциите против Русија со уште шест месеци до 31-ви јули 2016-та година. Основа за ова е поради недостатокот на напредок во мировниот процес во Украина и неисполнувањето на договорите од Минск.

За оваа можност беше наметната уште пред последниот состанок за оваа година на Европскиот совет. Предлогот за продолжувањето на санкциите против Русија беше вклучен од претседателот на институцијата Доналд Туск во дневниот ред на седницата која се одржа на 17-ти и 18-ти декември во Брисел. Лидерите на земјите од заедницата изразиле својата подготвеност ограничувањата да продолжат, стана јасно по седницата.

„ЕУ ги напиша санкциите против Русија и ги продолжува под притисок на САД“, смета претседателот на руската Дума, Сергеј Наришкин. Според него, со продолжувањето на санкциите против Москва европските лидери работат против своите национални интереси и во тоа се манифестира и делумна загуба на суверенитетот на државите од заедницата.

„Очигледно е дека притисокот од страна на Вашингтон над Европа, над Европската унија продолжува и во овој поглед, овој притисок е силен“, посочи Наришкин.

ЕУ ги воведе првите економски санкции против Москва во текот на летото на 2014-та година. Причината за изладените односи меѓу двете страни е едностраната анексија на Крим од страна на Русија. Поради оваа причина и беше забранет пристапот на неколку руски банки до европско кредитирање. ЕУ воведе и ограничувања за извоз на оружје и стоки со двојна употреба кон Русија, како и на технологија и високо технолошка опрема за нафтената индустрија.

Во одговор на тоа, Москва воведе ембарго на увоз на храна и земјоделски стоки од ЕУ, како и од сите држави кои наметнуваат економски санкции против Русија – САД, Австралија, Норвешка, Канада и Јапонија.

Поради соборениот авион од страна од турските воздухопловни сили, ограничувања во трговијата беа воведени и за турските стоки и услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП