26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи зајакнаа, во фокусот Шпанија

Европските берзи зајакнаа, во фокусот Шпанија

berza evropa

Цените на акциите на повеќето европски берзи зајакнаа во понеделникот, благодарение на добрите вести од компаниите, додека во Шпанија остро паднаа поради резултатите од парламентарните избори, на кои ниту една партија не освои мнозинство.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11.30 часот беше во плус 0,7 отсто, на 1.429 поени, откако во петокот падна 1 отсто.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во плус 0,75 отсто, на 6.098 поени, додека франкфуртски DAX порасна 1,40 отсто, на 10.759 поени, а париски CAC 0,60 отсто, на 4.654 поени.

На самиот почеток од денешното тргување индексите беа под притисок поради неодлучните резултати на парламентарните избори во Шпанија и натамошниот пад на цената на нафтата. Но, набргу ја променија насоката.

„Инвеститорите беа навреме подготвени на негативни вести од Шпанија поради што ги игнорираа. Обемот на тргување е скромен бидејќи започна празничниот егзодус, па сведочиме на раст на цените на акциите со низок обем“, вели Марк Прист, трговец во компанијата ETX Capital.

И додека на повеќето европски берзи цените на акциите пораснаа, шпански Ibex падна 1,8 отсто, откако на неделните парламентарни избори Народната партија на десниот центар на премиерот Маријано Рахој освои најмногу гласови, но далеку е од апсолутно мнозинство кое го доби пред четири години и тешко ќе може да формира влада без коалиција со новите партии Подемос или Граѓани.

Инвеститорите денеска го игнорираат и падот на цената на нафтата на лондонската берза на најниско ниво од 2004 година. Откако минатата недела падна за околу 2,5 отсто, изутрината на лондонската берза цената на барелот се намали на 36,17 долари, што е најниско ниво од 2004 година.

Тоа покажува дека понудата и натаму е поголема од побарувачката, која се намалува поради забавување на растот на глобалната економија.

Од друга страна, берзите имаат поддршка од добрите вести од компаниите.

Цената на акцијата на Ericsson скокна над 7 отсто, откако шведскиот производител на телекомуникациска опрема извести дека со американскиот технолошки гигант Apple постигна спогодба за патентни права, според кои на Apple во иднина ќе му плаќа за користење на неговите патенти во своите ајфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП