5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде за Нова Година? Македонците ќе потрошат 60 милиони евра!

Каде за Нова Година? Македонците ќе потрошат 60 милиони евра!

god

Македонците ќе потрошат околу 60 милиони евра за прослава на Новата Година. Ако секое семејство во просек одвојува по стотина евра, а во земјава има над 500 илјади домаќинства се стигнува до оваа солидна сума.

До точни бројки не може да се дојде бидејќи нема прецизни статистички податоци, но повеќе показатели упатуваат на зголемена потрошувачка за приближно 60 милиони евра. Така, лани во декември биле повлечени 35 милиони евра повеќе преку платежните картички од просекот во останатите месеци, а во продавниците околу половина од прометот е на картичка, а половина во кеш.

Ресторан, кафуле, дискотека – само за дочекот од 1.000 до 6.000 денари

Ако останете дома ќе треба да готвите или да купите храна, ако одите во кафуле или ресторан ќе треба да платите мени. И едното и другото чини. Во зависност од понудата и имиџот на локалот цените се движат од 1.000 па и до 6.000 денари.

„Оваа година гледавме да ги намалиме цените. Пред новогодишните забави чинеа исто, за самиот дочек лани беше 2.000 а годинава 1.700 денари. Одлучивме да го направиме тоа на наш трошок, а не дека ни се намалија некои набавни цени… Сите мислат дека заработуваме премногу. Дека кафето не чини 10 денари, а го продаваме 60; но има многу скриени трошоци“ објаснува Влатко Темелковски, сопственик на кафуле.

Атина и Истанбул, Банско и Боровец – најбарани дестинации за Нова Година

Оние со подлабок џеб по традиција патуваат. Од туристичките агенции објаснуваат дека годинава најбарани дестинации се Атина и Истанбул, како и Банско и Боровец. Европските метрополи не се веќе на врвот поради стравот од терористички напади.

„Најголем интерес оваа година има за земјите од регионот. Се бара Атина, Истанбул, Будва, Дубровник, Банско, Боровец. Овој пат интересна е понудата и на Војводина со традиционален дочек со многу храна и пијалак. Цените се од 120 евра па нагоре“ вели Сузана Зелениковска, вработена во туристичка агенција.

Охрид очекува рекордна посетеност за празниците

И Охрид е една од опциите кои стојат на располагање, но цените се приближно исти како и за аранжманите во соседството. Сепак, по успешната летна хотелиерите очекуваат и солидна зимска сезона. Велат дека 80% од капацитетите се веќе закупени, во најголем дел од гости од регионот.

„Пропагандата која што значи добри препораки од оние кои што веќе биле во Охрид е најдобриот начин да стигнеме кон нови и нови туристи и проширување на понудата“ објаснува професор Сашо Коруноски од Факултетот за туризам – Охрид.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП