23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија заостанува во иновациите зад соседните држави

Германија заостанува во иновациите зад соседните држави

innovation-in-germany

Германија на подрачјето на иновациите заостанува зад некои свои европски соседи и зад Сингапур, заземајќи го петтото место на листата од 35 економии опфатени со истражувањето, објави во понеделникот здружението на германска индустрија (BDI).

Водечката позиција ја задржа Швајцарија со 75 индексни поени, пред Сингапур кој има 64, а трета е Финска со 57 поени. Четврта е Белгија со 57 поени.

„Постои оправдана загриженост дека ќе заостанеме доколку не станеме иновативни. Германија би требала да биде меѓу првите три земји во вкупното вреднување“, рече претседателот на Германската академија на технички науки, Хенинг Кагерман, изразувајќи последна загриженост за состојбата во малите и средните компании.

Само половината од овие компании имаат сопствени оддели за истражување и развој, а тоа е причина поради која не уживаа целосно во бенефициите од програмата за државни поттикнувања во оваа подрачје“, додаде Кагерман.

Од земјите од централна и источна Европа во истражувањето учествуваа Чешка, Унгарија и Полска. На табелата од 35 држави, Чешка го зазеде 21 место, Унгарија 24, а Полска 27.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП