11 мај, 2025
ПочетнаКУЛТУРАИзложба и концерт во Кавадарци

Изложба и концерт во Кавадарци

кавадарци

Во понеделник, во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“, во Кавадарци ќе биде отворена изложба на дела од кичевската колонија и концерт на „КУД „Васил Хаџиманов’.

Изложбата на дела од 22-то издание на Интернационалната кичевска ликовна колонија 2015, на која учествуваа познати македонски и странски ликовни творци, ќе биде отворена во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во 18 часот.

Додека, пак во 18 .15 часот, во Салата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ ќе се одржи целовечерен Концерт на КУД „Васил Хаџиманов“ од Кавадарци.

Нивни гости на концертот ќе бидат: пејачката група „Ацо Караманов“ од Радовиш, фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци, и солистите Пере Пењушков и Блаже Богев.

Влезот е слободен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП