28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја задржува лабавата политика се додека има потреба

ЕЦБ ја задржува лабавата политика се додека има потреба

praet peter 340

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја задржи лабавата монетарна политика колку што ќе биде потребно, во светло на ризикот  на забавување на растот на економиите во развој, изјави главниот економист на ЕЦБ, Петер Прает.

ЕЦБ претходно овој месец ја намали каматната стапка на депозити во еврозоната и ја прошири програмата за откуп на имот во обид да поттикне раст на инфлацијата на целните близу 2 отсто. Актуелната стапка на инфлација се движи малку над нулата.

„ЕЦБ ќе продолжи со лабава монетарна политика колку што ќе биде потребно. Нема одреден датум, временската рамка е прилично растегната“, рече Прает, кој воедно е член на извршниот одбор на банката.

„Дополнителни ризици се појавија и поради забавување на држави во развој, ризици кои се прилично значајни за еврозоната. Тука се и притисоците на цената во секторот производство како резултат на вишокот на производство и многу ниското ниво на невработеност“, истакна Прает.

Тој додаде дека ЕЦБ не може да делува сам и дека владите исто така мораат да го направат својот дел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП