2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИZara, Mango и H&M заминуваат од Турција?

Zara, Mango и H&M заминуваат од Турција?

1032082295

Zara, Mango и H&M би можеле да го преместат производството на облека од Турција во други земји, пишува рускиот Kommersant повикувајќи се на турските медиуми.

Овие компании, како што се напоменува, веќе побарале отстранување на ознаките „произведено во Турција“ од стоката која таму се крои, веројатно поради можните потешкотии за продажба на рускиот пазар.

Kommersant наведува дека Русија следната година би можела да ги прошири санкциите против Турција. „Очекуваме усвојување на резолуцијата следната недела, иако врз темел на политички консултации таа би можела да биде одложена“, изјави извор од Министерството за економија, не исклучувајќи ја можноста за стапување на сила на новите санкции до Нова година.

Драматичните компликации во односите на Турција и Русија настапија откако Турција на 24-ти ноември го собори рускиот бомбардер кој учестуваше во операциите на Москва против Исламската држава, при што загина еден пилот.

Потоа, рускиот претседател Владимир Путин потпиша уредба со која се забранува увоз на бројни турски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП