7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовотни: Еврозоната нема да ги зголемува каматите

Новотни: Еврозоната нема да ги зголемува каматите

inflacija-evrozona

Гувернерот на Националната банка на Австрија (OeNB) и член на Советот на ЕЦБ, Евалд Новотни, истакна дека моментално зголемувањето на каматните стапки во еврозоната не е на дневниот ред.

Тој објасни дека економскиот раст и инфлацијата во Европа во споредба со САД се „многу пониски“.

„Прерано е да се размислува за зголемување на каматните стапки во Европа“, порача Новотни по повод неодамнешната одлука на САД да ги зголеми каматните стапки.

Европа, според неговите зборови, се наоѓа во „фаза на долгорочен низок раст“, а тој нагласува дека политиката мора да го компензира слабиот развој на економијата.

„Нормално, во тоа, главна улога може да игра монетарната политика“, истакна тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП