27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзербејџан ја девалвираше својата валута за 47%

Азербејџан ја девалвираше својата валута за 47%

azaerbejdzan 33495

Властите во Азербејџан преминаа кон слободен лебдечки курс на Манатот – националната валута – и официјалниот курс во однос на доларот веднаш се покачи за 47%. Како главна причина за промената се покажува девалвацијата на валутите од партнерските земји.

Според централната банка во Баку од 21-ви декември курсот на Манатот ќе се формира врз основа на побарувачката и понудата и предлозите на девизниот пазар. „

„Учеството на Централната банка на Азербејџан ќе се врши во согласност со овој режим“, стои во соопштението од банката.

Во официјалното соопштение се вели дека одлуката е донесена и поради вишокот на енергетски ресурси на светските пазари и слабеењето на економскиот раст во земјите, главни потрошувачи на нафта. Сето ова имаше влијание врз нашата економија, која е во тесна интеграција со светската, дополнуваат од централната банка.

Претходна официјална девалвација на Манатот беше во февруари, кога „адаптацијата“ беше спроведена по цена на нафтата од 50-55 долари за барел. Во моментов сортата „Брент“ (Brent), спрема која се ориентираат цените на значителен дел од глобалниот пазар, се тргува по 36.2 долари за барел.

Во ноември 2014-та година Централната банка на Русија се откажа од поддршка на курсот на Рубљата во монетарен коридор и застана зад редовни интервенции. Во август Казахстан го „минираше“ постоечкиот курс на својата Тенге и националната валута девалвираше за 28%.

Од денес Доларот вреди 1,55 во однос на азербејџанскиот Манат што е девалвација со 47.63% во однос на курсот од петокот. Еврото влезе во бивалутната кошница и поскапе со 47.88% или до 1.685 Манат. Рубљата исто поскапе за 47.3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП