2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba може да објави нето загуба од 4,1 милијарди долари

Toshiba може да објави нето загуба од 4,1 милијарди долари

Toshiba1999

Јапонскиот технолошки гигант„Toshiba“ најверојатно ќе објави нето загуба од речиси 500 милијарди јени (4,1 милијарди долари) за актуелната фискална година, поради големите трошоци за реструктуирање по нејзиниот скандал со сметководството, пишува „Wall Street Journal“, повикувајќи се на извор запознаен со предметот.

Компанијата треба наскоро да ги објави плановите за реструктуирање. Нејзината единица за кориснички производи, вклучувајќи ги персоналните компјутери и телевизорите, одамна се бори со проблемите и забележа оперативна загуба од 42,5 милијарди јени за првата половина на фискалната година која заврши на 30-ти септември.

Освен тоа во ноември претседателот на „Toshiba“, Масаши Муромачи, изјави дека компанијата може да продаде дел од својата единица за чипови, што генерира стабилен профит, а испорачува компоненти на производителите на смартфони.

Изворот, запознаен со случувањата во „Toshiba“, изјави дека плановите за реструктуирање, кои веројатно ќе вклучуваат отпишување на средства и еднократни трошоци за намалување на работната сила, се очекува да доведат до нето загуба од 500 милијарди јени за фискалната година, која ќе заврши во март 2016-та година.

Во одговор на прашањата на јапонските медиуми за прогнозираната загуба, портпаролот на „Toshiba“ изјави дека сумата не е нешто што компанијата го објавила официјално, одбивајќи да коментира повеќе на оваа тема.

Во оваа година „Toshiba“ започна да страда од постојан пад на резултатите, откако во април беше откриено дека вршела сметководствени измами. Во јули, таа призна дека во рок од седум години е „надуен“ профитот со 150 милијарди јени. Тогашниот претседател на компанијата, Хиса Танака си поднесе оставка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП