13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо швајцарски пари ќе се отворат повеќе од 2.000 работни места

Со швајцарски пари ќе се отворат повеќе од 2.000 работни места

peso

Вицепремиерот Владимир Пешевски и в.д. амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Катарина Стокер, во понеделник ќе потпишат меморандум за разбирање за заемната соработка при имплементација на Програмата за зголемување на пазарната вработливост.

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. Првата фаза од програмата се имплементира во периодот од 1-ви април 2015 до 1-ви април 2019 и е со буџет од 6,25 милиони швајцарски франци.

Програмата е фокусирана на обезбедување на системски промени кои ќе овозможат пристојни вработувања или само-вработувања и повисоки примања пред сѐ за младите. Очекуваните клучни резултати од програмата се, во период од четири години, да се создадат повеќе од 2.000 директни или индиректни работни места и да се зголеми нето приходот на повеќе од 1.000 мали и средни претпријатија за 1,5 милиони евра .

Програмата работи во три сектори во економијата: туризам, креативна индустрија и зелена економија. Во соработка со приватниот сектор ќе се работи на подобрување на можностите за зголемен пристап до меѓународните, регионалните и домашните пазари, на развој на производи, пристап до финансии и квалификувана работна сила со цел да се обезбеди раст на претпријатијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП