18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекин на сообраќајот кај Пресека, поради минирање

Прекин на сообраќајот кај Пресека, поради минирање

vrbjani

Денес, на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно кај Пресека – село Врбјани, поради изведување работи на пат (минирање) во периодот од 12.30 – 14.30 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП