22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов Универзитет „Мајка Тереза“ ќе се отвора во Скопје

Нов Универзитет „Мајка Тереза“ ќе се отвора во Скопје

груевски-нов-универзитет

Отворање нов државен универзитет „Мајка Тереза“,што ќе работи на три јазици и тоа на македонски, албански и англиски, најави премиерот Никола Груевски, во недела, на вид во работите на СД „Медицинар“, во Скопје.

Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе има 14 студиски програми и тоа за прв и втор циклус на студии, а предвидено е да започне да функционира од следната академска година.

„Денеска донесовме одлука да се отвори уште еден универзитет во Скопје, кој ќе се вика „Мајка Тереза“. Истиот ќе биде на три јазици, македонски, албански и на англиски јазик и ќе има сериозна интернационална димензија бидејќи ќе има и професори и студенти и Македонци и Албанци, но и странци“, изјави Груевски.

Според премиерот, овој Универзитет покрај интернационалноста и мутинационалноста ќе внесе еден нов квалитет во високото образование во Македонија.

Универзитетот ќе има пет единици и тоа: факултет за градежништво и архитектура, факултет за технички и технолошки науки, факултет за информатички и факултет за социјални науки.

Министерството за образование и наука исто така предвидува да објави тендер за главен објект за новиот универзитет кој ќе биде лоциран во поранешната касарна „Илинден“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП