3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗViper SRT конечно ја напушти фабриката

Viper SRT конечно ја напушти фабриката

2013-SRT-Viper-production-ceremony-2

Во јануари беше најавена испораката на моделот „SRT Viper“, но таа беше одложена поради што од компанијата посакуваа да ја остварат посакуваната совршеност на овој автомобил. Тогаш постоеа гласини дека ова возило ќе биде достапно за корисниците во почетокот на февруари, но и тогаш компанијата не започна да испорачува автомобили од овој модел.

Конечно првата група од 800 „Viper“ возила ја напушти фабриката на компанијата во Детроит. Оваа фабрика направи само 14 единици од споменатиот модел дневно, затоа што склопувањето на овој автомобил трае многу подолго во однос на другите возила.

Првите 800 единици се веќе на пат да бидат испорачани до своите сопственици ширум САД. Првиот модел на „Viper“ е продаден на аукција чии средства се предадени на добротворните организации, додека втората единица беше за шефот на „SRT“ брендот, Ралф Жил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП